Рубрика: Роботика
Во очекување – RoboMac 2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 02.03.2020 - 16:45

Меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2020 оваа година се одржува по јубилеен десетти пат.

Терминот за одржување е закажан од 9 до 14 март.

Учесниците на натпреварот ќе треба да ги употребат своите знаења и вештини, воедно  соработувајќи со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија. Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: Sumo, Sphero, Machine Learning, Line Follower, Self racing cars.

Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 14.03.2020г. и ги покануваме сите ентузијасти коишто ги интересира роботика и вештачка интелигенција во Дом на АРМ во 18:00 часот.

RoboMac 2020 е организиран од Студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ како и студенти волонтери од ФЕИТ.

Повеќе информации на http://robomac.mk/

Клучни зборови: