Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 25 февруари 2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 25.02.2020 - 09:45

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

25.2.1953 – почина Сергеј Виноградски

На денешен ден почина познатиот руски научник од областа на микробиологијата, екологист и експерт за почва Сергеј Виноградски. Во научниот свет е познат по тоа што го открил /покренал концептот на циклус на животот.  Дипломирал во 1881 година и престојувал во Санкт Петербург за степен на магистер по ботаника (во 1884 година), а од следната година започнал да работи на Универзитетот во Стразбур. Станал познат по својата работа со сулфурни бактерии. Во 1888 се сели во Цирих, каде што почнал да се занимава со проучување на процесот на нитрификација и идентификување на родовите (на бактериите) нитрозомонас и нитозококус, кои го оксидираат амониум катјонот во нитрит. Роден е 1856 година во Киев (Украина), тогаш во составот на Руската Империја. (Т. С.)

 

25.2.2010 – продадена десет милијардитата песна преку iTunes Store

На овој ден во 2010 година Apple објави дека ја продал својата десет милијардита песна преку iTunes Store. Десет милијардитата песна "Guess Things Happen That Way" од Џони Кеш, ја купил Луи Сулцер од Вудсток, на кому Епл му додели картичка за подароци од 10 000 долари. Музичката продавница продаде околу 25 милиони нумери во 2003 година. Три години подоцна, таа бројка надмина 1 милијарда. iTunes е број еден продавач на музика во светот и има најголем светски музички каталог со над 12 милиони песни. Денес, онлајн продавницата може да се пофали со 50 милиони песни и повеќе од 100 000 филмови со висока резолуција и 55 000 ТВ-емисии. (И. З.)

Клучни зборови:
Сергеј Виноградски

Сергеј Виноградски