Опасниот корона вирус веќе почна да шири паника во светот, па голем број интернет корисници бараат информации за заштита, ширењето на вирусот, за лекување и други податоци.
Хакерите и кибер криминалците многу брзо ја искористија глобалната паника. Па така, компанијата Bleeping Computer известува за зголемениот напад со цел зараза на компјутерите со малвер, кој се темели на спам-пораки во кои се нудат детални информации за корона вирусот. Големата хакерска операција со вакви мејлови засега е забележана само во Јапонија. Мејловите се напишани на јапонски јазик а преку нив се шири малверот со назив Емотет. Но, бидете сигурни дека и кибер криминалците од другите делови на светот набрзо ќе ја искористат оваа шанса за свои акции.
Поради тоа ви препорачуваме да не ги отворате мејловите во кои се нуди “100-процентна заштита од корона вирсот“ и слични, туку информацијата побарајте ја на порталите на службените организации како Министерство за здравство, Светската здравствена огранизација WHO, или распрашајте се кај вашиот лекар.