Рубрика: Информатика
Сè повеќе закани кон уредите на Apple
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 17.02.2020 - 16:15

Компанијата Malwarebytes во својот последен извештај открива дека бројот на закани кон Mac компјутерите расте побрзо отколку на оние кон Windows. Показател за ова е фактот што компанијата детектирала двојно зголемување на напади кон Apple корисниците споредено со напади кон Windows корисниците. Со други зборови, Mac компјутерите станале омилена мета на хакерите.

Malwarebytes тврди дека нападите кон Mac компјутерите во 2019 година пораснале за 400% во однос на претходната година.

Во 2019 година откривме во просек 11 закани по еден Mac – речиси двојно повеќе од просекот 5,8 закани по Windows систем”, откриваат од компанијата.

Ова тврдење се заснова единствено врз податоците од корисниците на производи од Malwarebytes.

Што се однесува до Windows, бројот на детектирани закани кај поединечните корисници се смалил за 2%, но од друга страна кај компаниите тој се зголемил за најмалку 13%. Ова покажува дека на хакерите повеќе не им се цел домашните корисници туку компаниите, каде успешниот напад може да направи поголема штета.

Adware програмите минатата година биле главна закана за корисниците на Windows, а потоа следат riskware софтверите,тројанците и други алатки за хакирање.

За 2020 година Malwarebytes предвидува раст на бројот на напади со ransomware, а хибридните напади, кои се содржат повеќе фази, ќе станат вообичаени и кај домашните корисници и кај компаниите.

Клучни зборови: