Современите мобилни телефони како, на пример, Huawei P30 Pro, iPhone 11 Pro Max, Galaxy Note 10 на Samsung, а веројатно и претстојниот Galaxy S11, се големи, убави и моќни, но тие не ги заменија вистинските машини како лаптопите во поглед на продуктивноста. Дел од причината е тоа што телефонските тастатури се помали и покомпактни. Но сега во Самсунг можеби имаат начин да го променат тоа –користејќи ја предната камера на вашиот телефон за создавање на виртуелна, невидлива тастатура.
Самсунг го претстави новиот изум на вистинското место, на најголемиот саем на потрошувачка електроника CES 2020, кој согласно традицијата се одржа веднаш по новогодишните празници, од 6 до 9 јануари во Лас Вегас.
Невидливата тастатура користи ВИ којашто со помош на предната телефонска камера ги анализира движењата на зглобовите од вашите прсти додека “пишувате” на вашата маса, при што текстот се појавува на вашиот телефон или таблет.
Оваа невидилива тастатура Самсунг ја нарече Селфитајп (SelfieType), а апликацијата за Селфитајп доаѓа во пакет, заедно со упатство за употреба. Од компанијата Самсунг известуваат дека се работи за проект којшто сè уште е во рана фаза на развој и дека оваа невидилива тастатура уште некое време нема да биде дел од нашето секојдневие.
Главниот предизвик е добивањето на повеќе податоци. Имено, за поголема ефикасност и подобрување на перформансите на Селфитајп потребно е алгоритатмот којшто ги интерпретира движењата на зглобовите да има податоци од движењета на различни големини на раце и од различните стилови на “чукање” врз тастатурата.
Виртуелни тастатури имаше и претходно. Тие претежно користеа ласерска проекција и никогаш не зедоа замав, со оглед на тоа што беа премногу несигурни за брза работа. Но, SelfieType е различен, затоа што движењето на зглобовите од прстите е почисто за анализа, за разлика од проучувањето на моментот и местото каде корисникот физички ќе притисне надолу со прстот.