Пребарувањето филмови и серии со помош на пребарувачот Google ќе им овозможи на корисниците листа на тоа што сакаат да го гледаат. Живееме во време кога има премногу продукција на играна програма и некогаш е толку тешко да се следи кога некоја серија или филм ќе излезат во јавноста.
Далеку се времињата кога резултатот од пребарувањето со Google се состоеше од само наведени релевантни веб-страници во зависност од вашите прашања. Деновиве, алгоритамот за пребарување обезбедува повеќе детали за секој од резултатите, заштедувајќи неколку кликања. Гугл постојано ги подобрува овие таканаречени Картички за знаење (Knowledge Graph cards), а сега ги прошири картичките за филм и ТВ-шоуа со функцијата список за гледање.
Откако списокот за гледање е подготвен, ќе се прикаже нова картичка со назнака “Гледаше?“ и копчињата “Список за гледање“, сместена меѓу оние за фотографии и оценки кога пребарувате за одреден филм или ТВ-емисија. Допрете го наведеното копче и тоа ќе се обои во зелена боја, менувајќи ја назнаката во “Гледано“. На овој начин ќе можете брзо да обележите дали веќе сте го гледале филмот, а потребно е да бидете доволно дисциплинирани за да го притиснете тоа копче секој пат кога ќе завршите со гледањето. “Списокот за гледање“ е јасен уште од самата назнака – со него се додаваат содржини на листата за гледање. Целосната листа ќе ја најдете и меѓу другите ваши списоци создадени преку користење на разните сервиси на Google, ако се упатите кон google.com/save. Но, каталогот со веќе гледани филмови сепак не е достапен.
Функцијата во моментот работи на мобилните телефони преку пребарувањето во прелистувачот и апликацијата на Google. Сепак, можеби ќе помине некое време додека оваа функционалност пристигне на вашиот телефон, иако судејќи според дискусиите и оцените изнесени на Reddit, таа веќе е достапна на прилично многу уреди. Се надеваме дека Гугл наскоро ќе го додаде и направи лесно достапен списокот на содржини што веќе сме ги гледале.