На крајот од месец јануари, поточно на 31-ви, ќе се одржи осмото издание на најголемиот светски настан за креирање на игри. Global Game Jam се одржува еднаш годишно на повеќе локации низ целиот свет истовремено. Се работи за своевиден 48-часовен маратон во креирање игри, при што учесниците разменуваат знаења и остваруваат контакти.
Минатата година Global Game Jam се одржа на 860 локации во 113 земји, во настанот учествуваа 47 000 џемери, а беа создадени 9000 игри.
Настанот е наменет за сите што сакаат да креираат игри и знаат да цртаат, моделираат, компонираат, програмираат, дизајнираат, мудруваат и продуцираат, но и за сите вљубеници во игрите. За да се учествува нема мора да бидете дел од некоја екипа – потребна е желба и уплата за влезница. Она што ќе мора да го направите е да го пријавите вашето учество на следниов линк тука
Цена на влезницата за учесниците е 250 денари, а со неа тие добиваат непречен и постојан интернет пристап, оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација, одмор, забава и, нормално, топли простории во зимските денови!
Како што нагласуваат организаторите од Македонската асоцијација за развивање игри - МАГДА – “Дојдете и тука ќе соберете дружина за квестот наречен GGJM20!”
Профили кои ќе се сретнат на GGJM20 се:
• Девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд дизајнери, продуценти и гејм дизајнери, експерти за монетизација,...
• Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата
• Гејм девелопмент ентузијасти од сите возрасти. Просечната возраст на учесниците е 25 години
Македонија за првпат учествуваше на Global Game Jam во 2013 година. Досега на настанот учествувале речиси 1700 професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери коишто ги спојува желбата за креирање игри и размена на знаење. На овие настани кај нас досега биле создадени 162 видеоигри во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат како комерцијални производи.
Организаторите на Global Game Jam Македонија 2020 очекуваат учество на преку 350 учесници на локациите во Скопје, Битола и Охрид. За време на 48-часовниот маратон се очекува да продефилира публика од неколку илјади луѓе.
Повеќе за настанот тука