Индиската компанијата Realme е релативно млада компанија којашто претходно работеше под закрила на компанијата Oppo, како нејзин подбренд. Realme веќе одредено време делува како посебна компанија на пазарот за паметни мобилни телефони, а своето деби го имаше минатиот мај со моделот Realme 1. Оттогаш до денес компанијата лансираше над десетина смартфони.
Се работи за компанија која во третиот квартал забележала раст на испораката за 800% на годишно ниво, со што се најде на седмо место меѓу брендовите на глобално ниво.
Нејзината основна работа со паметни телефони компанијата сега планира да ја прошири својата понуда и во други сегменти од пазарот. Па така, по преставувањето на слушалките wireless Buds Air и Realme power bank батериите оваа година, следната 2020 година планира да ги престави и своите први паметни фитнес наракавици. Фановите што ги стекна Realme веќе со нетрпение го очекуваат лансирањето на првата фитнес белегзија од овој бренд.
Оваа информација ја откри главниот извршен директор на компанијата, Мадав Шет, во тринаесетата епизода од редовниот видео прилог под назив #AskMadhav кој се објавува на службениот Yоutube профил на компанијата Realme. Покрај тоа што зборуваше за додатоците, Шет одговори и на прашања во врска со поддршката на Android 10 за постарите уреди Realme и вети посеопфатно портфолио на IoT производите во скоро време.
Фитнес белегзијата од компанијата Realme би требало да се појави на пазарот кон крајот на првиот квартал следната година.