Рубрика: Информатика
Туниската е-валута што час е тука, час ја нема
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 21.11.2019 - 12:30

Како што овој месец објави руската новинска агенција Тасс, Тунис требало да стане прва земја која ќе започне префрлање на својата национална валута на блокчејн платформа.

Според првичните вести рускиот ICO startap Universa требало да помогне во издавање и во управување со валутата на Централната банка на Тунис (CBDC), а Банката соопштила дека дигитализацијата на тунискиот динар е веќе започната и дека CBDC заштитата од хартиените банкноти ќе биде вградена во блокчејнот на Universa со што е-динарот требаше да стане потранспарентен и поевтин за издавање. Покрај ова беше најавено дека Universa, наводно ќе добие процент од сите трансакции извршени со “е-динар“, додека регистарот кој содржи финансиски сметки ќе биде видлив за централната банка на земјата. Основачот и извршен директор на Universa, Александар Бородич, истакнал дека оваа форма на електронски пари не може да се смета за вистинска криптовалута. CBDC или е-динарот би биле во државна сопственост и поддржани со хартиени пари, а blockchain технологијата би требала  да пружи заштита од фалсификување, но и да го направи издавањето и поевтино и потранспарентно.

Како што вели Бородич: “Дигиталните банкноти не можат да се фалсификуваат – секоја банкнота е заштитена со криптографија, како што нејзиниот хартиен  пандан има свој дигитален воден жиг. Покрај тоа, производството на таква банкнота е 100 пати поевтино од трошењето мастило, хартија и електрична енергија во процесот на печатење.“

Но, не помина ни една недела, а од Централната банка на Тунис дојде демант за ова известување. Во нивниот демант, тие ги оспоруваат сите тврдења за развој на решенија за дигитална валута. Покрај ова Туниската централната банкапојаснува дека е точмп дека истражува различни методи за алтернативна за дигитални плаќања, вклучително и CBDC, но сепак имплементацијата на овие технологии сè уште е далеку од нејзина примена.

Во меѓувреме, како што објави Cointelegraph претходно оваа недела, Европската унија исто така размислува за издавање на своја дигитална валута.

 

Клучни зборови: