Ознаката за лажна информација / лажни информации, ќе се користи за постови кои се разоткриени и означени како лажни, а за процесот на проверување на фактите ќе биде задолжен Facebook.
Новата ознака ќе се прошири на социјалната мрежа веќе од наредниот месец, а ќе се појавува во сегментот Приказни (Story) , како и на постовите кои се прикажуваат на главниот news feed на Инстаграм.
Корисниците на социјалните мрежи и понатаму ќе можат да го видат оригиналниот пост, но ќе мораат да ја одберат опцијата See Post за да ја прегледаат пораката. Инстаграм ќе го предупреди корисникот кој сака да сподели пост што претходно бил означен како лажен. Пред да се објави постот, ќе видите предупредување дека “проверувачите“ откриле дека пораката содржи лажни информации, а ќе биде приложен и линк за повеќе информации. Корисниците ќе можат да ја споделат веста, но таа ќе добие ознака за лажна информација. Оваа опција е досега најагресивен начин во борбата за сузбивање на ширењето вирални дезинформации.