Рубрика: Медицина
Фото на неделата: Во внатрешноста на белите дробови на глушец
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 16.10.2019 - 12:00

На левата страна од сликата може да се забележи неутрофил со розово јадри и зелени гранули

Алергиската астма претставува здравствен проблем што бележи голем пораст. Во потрага по механизмите што ја предизвикуваат оваа состојба, помеѓу различните тригери сместени во животната средина истражувачите неочекувано пронајдоа заеднички алергенски причинител.

Како причинители биле посочени одредени неутрофили, имуни клетки, кои при влезот во белите дробови на глувците испуштале делови од нивната ДНК за да предизвикаат воспаление.

Коралин Радермекер и коавторите на студијата од Универзитетот во Лиеж, кај животните ги тестирале трите веќе познати опасности од животното опкружување – прекумерната хигиена, загадувањето на воздухот и присуството на вирусна инфекција.

Кога подоцна овие и другите глувци биле изложени на грини кои се присутни во домаќинствата, а се еден од главните алергени за луѓето, било забележано дека само оние примероци што биле изложени на алергенски тригери во нивното опкружување развиле алергиска астма.

На фотографијата се гледаат имуните клетки што предизвикуваат воспаление по изложување на организмот на тригерите за алергиската астма.

Кога истражувачите ги спречиле овие имуни клетки да навлезат во белите дробови и да ја ослободат нивната ДНК, глувците биле заштитени.

Улогата на овие имуни клетки во механизмот на алергиската реакција во голема мера е непозната, но истражувачите се надеваат дека нивните откритија ќе помогнат во откривање на нови техники за превенција и за третман на состојбата.

Трудот е објавен во списанието Nature Immunology.

Клучни зборови:
На левата страна од сликата може да се забележи неутрофил со розово јадри и зелени гранули

Бели дробови на глушец изложени на проалергиски фактор, на левата страна од сликата, може да се забележи неутрофил со розово јадро опкружено со зелени гранули