Планот на Facebook од следната година да воведе сопствена криптовалута – Libra, наиде на сериозна препрека откако Visa, MasterCard и eBаy се повлекоа од проектот.
Во одделните соопштенија на секоја од компаниите, тие се изјасниле дека и понатаму се заинтересирани за криптовалутите како безбеден начин на дигитално плаќање, но засега се претпочитаат да ги фокусираат своите ресурси во други проекти.
Facebook одбил да го коментира овој потег, додека од Libra association изјавија дека се сконцентрирани на тоа да “продолжат да градат силна соработка“ со партнерите кои би ја прифатиле новата валута. Потегот на овие четири големи компании следеше само по една недела откако PayPal најави дека ќе ја повлече соработката со Libra association, којашто е задолжена за раководење на новата глобална валута на Facebook. Единствени платежни компании кои сè уште го поддржуваат Facebook се Mercadopago и PayU.
Facebook минатото лето ги обелодени плановите за лансирање на Libra до јуни 2020 година. Проектот, меѓутоа, наидува на големи законски пречки. Француските и германските финансиски тела соопштија минатиот месец дека ќе се обидат да го блокираат користењето на Libra во Европа, со објаснување дека валутата претставува закана за суверенитетот на членките на ЕУ.