Проектот за следење на сите аспекти од процесот на топење на глечерот што забрзано го снемува, можеби ќе даде конечен одговор на прашањето чија итност ги притиска научниците – Колку бргу ќе расте нивото на светските мориња?
Ова лето, додека мразот на Гренланд рушеше рекорди во брзината на топење и количината мраз што засекогаш ја снемува, истражувачкиот брод Адолф Јенсен се закотви во близина на глечерот Хелхајм. Токму тука, во длабочините на фјордот, океанографите пред две години поставија низа сензори со коишто можат да го следат затоплувањето на водите на Атлантскиот Океан и нивното влијание во ерозијата на глечерот и “поткопувањето” на неговата основа. Пресметано е дека со топење на целиот мраз на Гренланд нивото на светските мориња би се подигнало за седум метри, но никој засега не знае колку брзо би се одвивал овој процес на топење и дали мразот во целост би го снемало. Конзервативните предвидувања велат дека до 2100 година водите од мразот на Гренланд би придонеле за поткревање на морското ниво за околу дваесетина до триесет сантиметри.
Истражувачите од Aдолф Јенсен го поминаа ова лето поставувајќи дополнителни инструменти на и крај глечерот Хелхајм на Гренланд и земајќи примероци од длабочините на фјордот што овој глечер го формира. Добиените податоци може да помогнат за попрецизно предвидување на идните промени на нивото на морето, критична мисија за климатолозите.