Овој пар чудни, луминисцентни суштества фатени во игра на сликата подолу, всушност, претставува две галаксии, во чијшто состав влегуваат милиони и милиони ѕвезди.
Галактичкиот пар е познат под ознаката UGC 2369. Галаксиите се во интеракција, што значи дека нивната меѓусебна гравитациска привлечност сè повеќе и повеќе ги приближува една кон друга, ивитоперувајќи ја нивната форма во процесот. На фотографијата е видлив тенок мост од гас, прашина и ѕвезди што ги поврзува двете галаксии, материјал извлечен од нивната внатрешност под дејство на силите вклучени во процесот на судир и интеракција.
Галактичката интеракција е вообичаен настан во минатото на повеќето галаксии. Кај поголемите галаксии, како Млечниот пат, голем дел од овие интеракции се одиграле со значително помали, таканаречени џуџести галаксии. Но, на секои неколку еони, може да се случи поголем, поважен настан од овој вид. Кај нашата матична галаксија, следниот голем настан ќе се случи за околу четири милијарди години. Имено, тогаш се очекува да се судри со својот поголем сосед, галаксијата Андромеда. Со текот на времето, двете галаксии најверојатно ќе се спојат во една галаксија, а нејзинот прекар е веќе познат – Милкомеда.