Од 1-ви Јануари 2020 година, Белград ќе ја забрани употребата на пластични ќеси. Како што најави градоначалникот Горан Весиќ, одлуката се очекува да биде донесена на следната седница на собранието на Град Белград, што ќе се оддржи кон крајот на овој месец.
Тој истакна дека со новите измени на Законот за главен град, Белград добил надлежност за самостојно регулирање на оваа област и со тоа се создале услови за Забраната за употреба на пластични ќеси. Со носењето на оваа одлука Белград ќе застане во редот на првите градови во Европа со забрана за употреба на пластичните кеси.
Во светот, во периодот од 25 март годинава, гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, потпишал закон со кој што од март 2020 година ќе биде забранета употребата на пластични ќеси во рамките на оваа сојузна држава, додека германската министерка за екологија, Свена Шулце најавила дека овие денови сли~на одлука треба да биде донесена и во Република Германија.
Во 2021 година Европската унија ќе ги забрани производите од пластика за еднократна употреба, како што се цевки за пиење, вилушки, ножеви..., додека за другите производи од пластика е оставен рок во кој ќе престанат да се употребуваат.