Рубрика: Информатика
Galaxy Watch Active2 – балансирање на велнес-можностите со подобрено вмрежување
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 06.08.2019 - 11:15

Самсунг Електроникс го претстави Galaxy Watch Active2, најновиот додаток на портфолиото паметни часовници од брендот Самсунг Галакси. Уредот содржи нови, интуитивни и рафинирани функции што допринесуваат лесно да се вклопи во животниот стил на корисниците, притоа помагајќи им да ги унапредат своите здравствени и велнес-цели, како и непрекинато и вмрежено секојдневие.

Galaxy Watch Active2 го подобрува квалитетот на животот со мали, но значајни дневни промени – од постигнување на велнес-целите како што се следење на квалитетот на спиење, вежбањето и нивото на стрес, до ефикасно исполнување на обврските. Без разлика дали сакате да медитирате, да добивате известувања за секоја новост или да се опуштите, Galaxy Watch Active2 ја надополнува вашата животна рутина, истовремено дополнувајќи ја со префинет и дефиниран стил.

“Пазарот на паметни часовници расте со голема брзина и ние во Samsung сме многу возбудени што непрекинато го шириме нашето присуство на нови и визионерски начини“, изјави Диџеј Ко (DJ Koh), претседател и извршен директор на ИТ и мобилните комуникации во компанијата Самсунг електроникс. “Со Galaxy Watch Active2, создадовме уред што ќе им овозможи на потрошувачите да преземат контрола над своите здравствени и велнес-цели, со непречено поврзување помеѓу нивните уреди, како и целиот Samsung Galaxy еко-систем, правејќи ги нивните животи полесни и подобри“, додаде Ko.  

 

Дизајн со цел, прилагоден на вашиот живот

Galaxy Watch Active2 има врвен дизајн и истовремено е визуелно убав и прилагодлив на вашиот животен стил. Достапен е во две димензии – со пречник од 44 mm и 40 mm и во два стилa – лесен алуминиум Fluoroelastomer (FKM) со кежуал-ремче како и премиум верзија од нерѓосувачки челик со кожен ремче. Овој паметен часовник можете да го персонализирате со помош на широкиот асортиман ремчиња во различни стилови, но и со повеќе опции за маска на часовникот.

Часовникот сега има преубав закривен Super AMOLED екран, додека дигиталната рамка се врти и во насока на стрелките на часовникот и во спротивната насока, овозможувајќи полесен пристап до омилените апликации. Освен тоа, подобрениот One UI нуди едноставно и природно корисничко искуство за управување на уредот.

За корисниците кои покрај својот, сакаат и часовник со истенчен и префинет стил, сега е можно да се промени и позадината на Galaxy Watch Active2 часовникот со помош на My Style алгоритмот за апстрактни бои. Овој алгоритам функционира во склоп на Galaxy Wearable апликацијата – потребно е само да ја фотографирате вашата модна комбинација, да одберете од петте различни варијации на бои и позадината на вашиот часовник ќе се промени во рок од неколку секунди. Можете да го усогласувате вашиот личен стил секој ден или да го зачувате омилениот стил за повторна промена.

 

Совршен сопатник за вашите велнес-цели

Galaxy Watch Active2 може да биде и ваш водич за постигнување на подобри здравствени и велнес-цели, нудејќи вредни информации кои можат да помогнат во носењето позитивни одлуки во рамки на вашиот животен стил кога е во прашање исхраната, тренингот, психичкото здравје, спиењето и слично.

Така, на пример, додека тренирате, паметниот часовник може мануелно да следи повеќе од 39 видови на тренинзи, од кои автоматски активира седум – вклучувајќи трчање, пешачење, возење велосипед, пливање, веслање, нордиско скијање и динамичен тренинг. Со подобрената апликација, Running Coach, можете да ја следите брзината на трчањето во реално време и да уживате во седумте различни програми за трчање кои ви помагаат да ги постигнете целите.

Galaxy Watch Active2 дури воведува и иновативни здравствени сензори на позадината на куќиштето, коишто овозможуваат брзо вчитување и побрз пристап до информацијата коај може да ја подобри вашата тренинг рутина, насочувајќи ве кон вистинскиот пат.

Galaxy Watch Active2, исто така, помага во следењето на секојдневното ниво на стрес во реално време со помош на Samsung Health.

 

Дополнително подобрете ја можноста за поврзување во секојдневниот живот со семејството Galaxy

Galaxy Watch Active2 го унапредува вашиот квалитет на живот со можноста за поврзување на секојдневната рутина, како и со другите уреди, дури и додека сте во движење.

Galaxy Watch Active2, со помош на LTE технологијата, ви овозможува со истиот да одговарате на повици, додека пак друштвените мрежи ви се достапни на дофат на прстите, нудејќи ви подобро управување. Сега можете да лајкувате пост на социјалните мрежи или да гледате кратко видео директно од зглобот на вашата рака. Можете дури и да патувате низ светот со поголема самодоверба бидејќи Galaxy Watch Active2 има можност да преведува глас во реално време, како и текстови на повеќе од 16 јазици.

 

Составен дел од Galaxy еко-системот

Galaxy Watch Active2 го претставува најдоброто од еко-системот Самсунг Галакси. Кога, на пример, Galaxy Watch Active2 е поврзан со вашиот Galaxy паметен уред, контролерот од камерата на часовникот овозможува да фотографирате, да снимате видео, да разгледувате содржини, да се префрлате од предна на задна камера и обратно, да подесувате тајмер и да одобрувате финално видео или фотографија – сè преку вашиот зглоб. Исто така, за дополнување на батеријата на часовникот можете да ја користите и опцијата Wireless PowerShare на вашиот Galaxy паметен телефон.

Сите Samsung услуги кои ги добивате преку Galaxy еко-системот, како што се Samsung Health, SmartThings, Samsung Pay и други, се беспрекорно интегрирани во часовникот и другите уреди. За да управувате со часовникот, да започнете тренинг или да ја проверите временската прогноза можете да го користите, на пример, Bixby. Секако, сè што правите е заштитено со помош на Knox технологијата.

 

За повеќе информации за Galaxy Watch Active 2 посетете ја news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com .

Клучни зборови: