Рубрика: Психологија
Европејците попрво би го наполниле телефонот одошто да земат пари
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 24.07.2019 - 13:15

Мобилните телефони повеќе не претставуваат само средство на комуникација туку прераснаа во значајни емоционални и физички ресурси. Како што открива најновото Европско истражување на Samsung, дури 35% од луѓето претпочитаат да им се позајми полнење за телефонот отколку пари.

Истражувањето спроведено на повеќе од 6 500 испитаници покажува дека споделувањето батерија за телефон е многу значаен подарок во современиот свет. Кога го позајмуваме нашиот телефон, или неговата батерија, ние споделуваме личен дел од самите себеси и создаваме лично поврзување, кое придонело за раст на новиот вид општествена вредност и човеково однесување – т.н. “дигитално добро“.

Истражувањето покажува дека желбата да дадеш на некому телефонска батерија е индикатор за тоа колку се грижиш, што го зголемува нивото на поврзаност (или желбата за поврзаност) со некого. На пример, испитаниците најмногу се двоумеле да ја споделат батеријата со странец (14%), помалку со колега (39%), најмалку со член на семејството (72%), а тука некаде во проценти е и дарежливоста искажана кон пријател или партнер (обете на 62%).

Во секој случај, споделувањето батерија има моќен исход за сите. 62% од луѓето велат дека тие би му купиле кафе на странец ако тој им дозволи полнење на батеријата, а 7% рекле дека дури би излегле на состанок со него/неа.

Споделувањето на батеријата од телефонот може да се види како дел од модерното рандеву и како нешто што може да ја зацврсти романтичната врска. Но, иако една петина (21%) од сите испитаници рекле дека споделувањето батерија го сметаат за многу значаен гест, сепак, 76% остануваат претпазливи и не би ја споделиле својата батерија со некого уште на првиот состанок, додека просечниот дел од нив претпочитаат да почекаат до третиот состанок. :)

Оваа најнова општествена валута во романтичните врски преовладува помеѓу т.н. генерација Z (Gen Z) и кај миленијалците – околу две третини од испитаниците (62%) на возраст од 18 до 34 години би ја споделиле батеријата со личност која им се допаѓа со цел да ја запознаат подобро.

“Согласно истражување на Маслоу, психолог кој ги истражувал потребите што го поттикнуваат човековото однесување, нашите телефони брзо прераснуваат во секојдневен приоритет,“ вели Кетрин Темплар Луис, бихевиорален психолог. “Понудувајќи нешто толку значајно како полнење на батеријата активира региони и хемикалии во мозокот коишто се поврзуваат со задоволството и со довербата. Бранот окситоцин предизвикува топол ефект на сјај, познат како ‘еуфорија на помагач’, што води кон појака општествена врска. Споделувањето енергија е одличен начин за да се запознаат нови пријатели или да се поттикне романса затоа што отвора нова димензија во човековото однесување и интеракција.“

PowerShare технологијата на Samsung Galaxy S10 им овозможува на корисниците безжично да ја споделат енергијата од батеријата на телефонот со други компатибилни уреди. Истата е движечка сила на оваа општествена валута која е во развој.

“Новата технологија којашто овозможува безжично споделување на енергијата од батеријата на телефоните ја отстранува зависноста од традиционалните полначи и помага во еволуцијата на модерното човеково однесување,“ вели Марк Нотон, директор на Портфолиото за мобилни производи и стратегија, од Samsung Electronics. “Интересно, нашето истражување открива дека со давањето некому дел од својата батерија со цел да му помогнеш е моќен начин за општествено поврзување и причина за поголема доверба во современите врски. Прашувањето некого да ја сподели енергијата со тебе или – или дури да споделите енергија со нив – истото може да прерасне во нешто вообичаено.“

 

Од останатите клучни наоди ги издвојуваме и следните моменти:

Gen Z и Миленијалците најмалку би споделиле енергија со странец. Имено, оние на возраст од 18 до 34 години најмалку е веројатно дека би споделиле енергија со странец кој има потреба од неа(21%).

Генерацијата на Baby boomers би споделиле енергија со странци, но не и за љубов. Оние над 55 години најверојатно ќе ја споделат енергијата од нивната батерија со странец во нужда (36%), но значително помалку е веројатно дека би споделиле за евентуален развој на романтична врска (21%).

И покрај придобивките, сите сме претпазливи споделувачи – една третина (33%) велат дека би излажале за нивото на батеријата за да избегнат нејзино споделување.

Канцеларијата не е толку пријателско место кога се зборува за споделување – 41% од испитаниците одговориле дека прашањето од колеги да го позајмат телефонот, или енергија од нивната батерија, е едно од најздодевните прашања на работа.

Истражувањето било реализирано со цел да се одбележи лансирањето на Samsung S10. Samsung има развиено и водич за “дигитално добро“ што ќе им помогне на сите со PowerShare функцијата, како сега така и во иднина.

Онлајн анкетата е реализирана од Atomik Research на 6 519 лица постари од 18 години во 7 Европски држави (Велика Британија, Италија, Шпанија, Германија, Унгарија, Чешка и Словачка). Теренското истражување се остварило во Мај 2019. Atomik Research е независна креативна агенција за истражување на пазарот која има MRS сертифицирани истражувачи кои го следат MRS кодот.

Клучни зборови: