Google започнал истрага за да утврди на кој начин белгискиот медиум VRT успеал да дојде до повеќе од 1 000 звучни записи направени од паметниот звучник Google Home, а на коишто се забележани приватни разговори на корисници од Белгија и од Холандија.
Ова за Google преставува особено непријатна работа бидејќи многу често истакнуваше дека во овие паметни звучници се вградени сите потребни безбедносни мерки за заштита на приватноста на корисниците и за нејзино потполно сочувување. Прелиминарната истрага на Google покажала дека снимките потекнуваат од еден од луѓето-аналитичари коишто ги слушаат конверзациите од Google Home единствено со цел да и помогнат на вештачката интелигенција да ги подобри нејзините лингвистички способности. VRT кажува дека во поголем дел од тие аудиозаписи се содржани кратки клипови од уредот Google Home направени во текот на користење на паметниот звучник од страна на корисниците и додава дека 153 од нив никогаш не би смееле да бидат снимени, бидејќи корисниците воопшто не ја користеле фразата “OK Google“. Па така, меѓу снимките се наоѓаат и разговори од спални соби, разговори меѓу деца и родители, па дури и телефонски разговори со доверливи информации.
Google не одрекува дека неговите експерти прислушувале снимки поради “подобрување на корисничкото искуство“, но кажуваат дека треба да се истражи како тие стигнале во рацете на VRT, па затоа покреналe истрага којаштоја водат неговите тимови за безбедност и приватност.