93-годишната Мерл Тејлор (Merle Taylor) сè уште одржува радиоаматерски врски со морзеова азбука од својот дом во провинцијата Нова Шкотска на истокот од Канада. Ѓоспоѓа Тејлор ја научила морзеовата азбука кога имала 20 години. За време на Втората сетска војна таа се пријавила за да и помогне на својата земја. Нејзината работа за време на војната била да ги научи пилотите да ја користат морзеовата азбука.
Информациите пренесени преку радиостаница со помош на морзеовите сигнали многу посигурно и полесно се пренесувале на поголема далечина одошто говорните гласовни пораки, на кои шумот многу повеќе им пречи, вели Мерли Тејлор.
Љубовта на Мерли Тејлор кон телеграфијата и морзеовиот код и по толку изминати години е многу голема. Таа дури и на оваа возраст одржува редовни радиоврски со своите пријатели – радиоаматери низ светот.
“Многумина велат дека ова е застарена технологија, но тоа не е така. Освен тоа навистина е многу забавно“, вели Госпоѓата Тејлор.
Оваа необична баба-телеграфистка, вљубеничка во морзеовата азбука може да ја погледнете подолу на видеото, објавено 2016-тата година.