Рубрика: Информатика
Продажба на телефони преку автомати за самопослужување
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 26.06.2019 - 15:30

Компанијата Xiaomi е сè популарна на големиот индиски пазар на паметни телефони. Со цел да ја зголеми продажбата на своите уреди, оваа кинеска компанија смислила нов начин за продажба на нејзините мобилни телефони на индискиот пазар.

Иницијативата Mi Express Kiosk вклучува автомати за самопослужување на кои заинтересираните корисници можат самите да го купат посакуваниот паметен телефон од Xiaomi, но и повеќе додатоци наменети за мобилните уреди од овој производител. Како и кај класичните апарати за продажба на храна и пијалоци и во овој случај клиентот го избира посакуваниот производ којшто по плаќањето ќе се излизга уредот во долниот дел од автоматот каде корисникот може да го преземе.

Продажбата се одвива на следниот начин: изборот на производот се врши со помош на екран на допир, по што одбраните производи корисниците можат да ги платат во готовина, со кредитна или дебитна картичка. Иако автоматите за самопослужување на Xiaomi во моментов се наоѓаат само на една локација во Бангалор,  во иднина е планирано проширување на иницијативата. Па така овие автомати наскоро може да се најдат и на железничките станици, технолошките паркови, аеродромите и во трговските центри.

Дали оваа кинеско-индиска иницијатива ќе најде свое место и во остатокот од светот, засега не знаеме. Останува да почекаме и видиме.

Клучни зборови: