Денес на Машинскиот Факултет во Скопје ќе се одржи настанот “Технологијата е забава, инженерите се кул”. Настанот којшто треба да ја поттикне заинтересираноста на младите за техничките струки и образование, го организацира тимот на MS3 Lab, со поддршка од Македонско Американската Алумни Асоцијација.
Попладневно дружење со мехатронички системи применети во секојдневни апликации од забавен карактер, исполнето со технологија, игри и тестирање кул-производи дизајнирани од страна на тимот на MS3 Lab ќе се одржи денес во дворот на Машинскиот факултет во Скопје.
Една од целите на настанот е запознавање на пошироката јавност со апликативноста на мехатроничките компоненти и процесите на производството со 3Д принтер. Па така, посетителите ќе имаат можност да видат различни студентски проекти, да се запознаат со основите на 3Д-печатењето, како и да дизајнираат свој производ со помош на студентите.
Настанот е отворен за сите возрасни групи, а особено добредојдени се децата.
Како што организаторите наведуваат на фејсбук-страницата на настанот присутните ќе имаат можност одблиску да видат оригами роботи, maze-solver количка и ред други прототипови и модели што ќе можат самите да ги испробаат.
Настанот ќе се одржи во дворот на Машинскиот факултет од 18 до 20 часот, повеќе за него на фејсбук-страницата тука