Рубрика: Информатика
Мноштво нови производи од Интел на COMPUTEX 2019
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 28.05.2019 - 13:15

Десетата генерацина Intel Core процесори

Денес на COMPUTEX 2019, Интел најави повеќе производи и технологии што наскоро треба да се најдат и вклопат во некои од најжешките сегменти од компјутерската индустрија. Од новата 10 генерација на Intel Core процесори, преку откривањето детали за програмата на Интел за иновации – Проект Атена, па сè до првиот гејмерски процесор со 5 GHz all-core турбо процесорски можности, Intel повторно ги подигна за неколку скалила очекувањата за следните компјутерски технологии.

Да почнеме со ред, или од претставувањето на првите процесори од 10-тата генерација на Intel Core. Процесорите се изработени со 10nm технологија и ја користат новата Sunny Cove архитектура и новиот Gen11 графички енџин. 10-тата генерација Intel Core процесори ќе понуди повеќе модели во опсегот од Intel Core i3 до Intel Core i7, коишто ќе поседуваат најмногу 4 јадра и 8 низи, максимална турбо фреквенција до 4,1 GHz и графичка фреквенција до 1,1 GHz.

Како што споменавме, Интел откри и повеќе детали за својата програма за иновации Проект Атена, при што беше нагласена целта – спецификација 1.0 за првиот бран лаптопи што треба да стане достапен во втората половина од оваа година. Притоа, претстави беа и некои од првите дизајни што доаѓаат од партнерите на Интел – Acer, Dell, HP и Lenovo.

Врз основа на долгогодишните истражувања за да се разберат потребите, предизвиците и очекувањата на корисниците од нивниот лаптоп, програмата дава приоритет на овозможувањето искуства кои се одраз на реалните услови, при што тие се мерат преку скалата за "показатели на клучни искуства" – ПКИ (key experience indicators – KEI). Првиот бран на ПКИ цели вклучуваат постојана реакција на батеријата, 16 или повеќе часа траење на батеријата при локална видеорепродукција и 9 или повеќе часа траење на батеријата во реални услови на оптоварување, како и будење на системот за помалку од 1 секунда.

Интел направи уште неколку претставувања меѓу кои беше и она на деветтата генерација на Intel Core i9-9900KS процесорот со 5 GHz all-core турбо можности, кој треба да стане достапен оваа година. Претатавени беа и новиот Intel Performance Maximizer (ИПМ), автоматизирана алатка за оверклокување што ќе го олесни овој процес и ќе овозможи специфично автоматско корисничко нагодување за деветата генерација Intel Core десктоп процесори во зависност од личните играчки навики и перформанси. ИПМ алатката ќе биде бесплатна како дел од пакетот Intel Adaptix Technologies Toolkit. Во пакетот се вклучени и Intel Dynamic Tuning Technology, Intel Extreme Tuning Utility и Intel Graphics Command Center.

Конечно, Интел даде информации за уште три негови производни линии – беше најкавено лансирањето на 14 нови процесори од деветата генерација на Intel Core Core vPro наменети за мобилни (H-серија) и десктоп (S-серија) компјутери со високи перформанси, лансирањето на новите Intel Xeon E процесори за мобилни и десктоп работни станици, како и есенското доаѓање на новото семејство Intel Core процесори од серијата X.

Клучни зборови:
Десетата генерацина Intel Core процесори

Десетата генерацина Intel Core процесори

Претставувањето на COMPUTEX 2019

Претставувањето на COMPUTEX 2019

Вафлата на процесори од 10-тата генерација

Вафлата на процесори од 10-тата генерација

Новиот Intel Core i9 vPro процесор

Новиот Intel Core i9 vPro процесор

Новиот Intel Xeon E процесор

Новиот Intel Xeon E процесор

Nighthawk AX4 рутерот на Netgear со Intel Wi-Fi 6 (Gig+) технологија

Nighthawk AX4 рутерот на Netgear со Intel Wi-Fi 6 (Gig+) технологија

Рутерот TP-Link Archer AX50 со dual-band Wi-Fi 6 (Gig+) технологија

Рутерот TP-Link Archer AX50 со dual-band Wi-Fi 6 (Gig+) технологија за поголема брзина и ефикасност на мрежата