Рубрика: Автомобилска техника
Вашето име на Марс
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 23.05.2019 - 11:30

Уметнички приказ на роверот Марс 2020 на Марс

Еден милион луѓе ќе добијат можност го испратат своето име на Црвената планета. Имињата ќе бидат изгравирани на силициумски чип сместен во внатрешноста на роверот Марс 2020.

Испраќањето на роверот Марс 2020 на Црвената Планета ќе ја означи следната фаза од долгорочната програма за роботизирани истражувања. Примарна цел на мисијата Марс 2020 ќе биде потрагата по живот, а особено барањето знаци за постоење на микробски живот во минатото на Марс.

Како и при секоја вселенска мисија кубурењето со просторот и тежината е еден од поглавните проблеми за планерите инженери. Новиот ровер ќе тежи повеќе од 1000 килограми, па битно е искористувањето на секој милиметар простор и внесувањето на секој нов грам тежина може да биде проблематично.

Сепак, во НАСА успеаа да направат местенце за еден дополнителен силиконски чип на којшто, со букви високи 75 нанометри,  ласерски ќе бидат изгравирани имињата на милион луѓе од Земјата.

За вашето име да се најде на оваа листа потребно е само да отидете до соодветниот дел од веб-страницата на мисијата Марс 2020 (тука) и да ги внесете вашите податоци. По успешнното регистрирање ќе добиете дигитална бординг карта којашто ќе може симнете и зачувате ево или, пак, да ја испечатите. Покрај ова добивате и ‘frequent flyer’ поени (поени за чести патници) :D Поените ќе се собираат со иминувањето на секоја нова фаза од мисијата, а уште повеќе по лансирањето закажано за јули 2020 година. Роверот треба да слета на Марс во февруари 2021 година.

 "Додека траат подготовките за оваа историска мисија на Марс, сакаме сите да учествуваат во на ова патување за истражување", вели Томас Цурбухен од НАСА.

Ова не е првпат администрацијата на НАСА да собира имиња за испраќање во вселената. Слична шема беше спроведена пред почетокот на мисијата InSight, која на Марс ги понесе имињата на два милиони луѓе. Секој од нив ‘заработи’ 500 милиони ‘frequent flyer’ поени, но за жал, овие поени не можат да се пренесат за реално користење за услугите на која и да е авиокомпанија.

За да го вашето име да биде дел од листата што со себе ќе ја понесе Марс 2020, потребно е да се пријавите најдоцна до 30 септември оваа година.

Клучни зборови:
Уметнички приказ на роверот Марс 2020 на Марс

Уметнички приказ на роверот Марс 2020 на Марс

Формата за пополнување на сајтот на мисијата

Формата за пополнување на сајтот на мисијата

Бординг картата на што авторот на овој текст ја доби по нејзината регистрација

Бординг картата на што авторот на овој текст ја доби по нејзината регистрација