Рубрика: Омнибус
Најголемото светско изложбено шоу доаѓа во Карпош
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 22.05.2019 - 10:15

Со поддршка на Општина Карпош, во организација на Амбасадата на САД во Скопје и програмата Aмерикански катчиња, на 31 мај 2019, во петок, ќе се одржи реномираниот меѓународен настан, насловен како Skopje Mini Maker Fair. Годинава глобалното движење на иноватори, креативци, уметници, научници и љубители на технологијата, ќе ги презентираат своите креативни иновации во рамки на ВИП арената, односно спортската сала Борис Трајковски (источен паркинг) од 10 до 19 часот.

Според агендата ќе бидат се одржат повеќе креативни и практични работилници, како и неколку предавања од значајни и успешни експерти од полето на технологијата, науката и уметностите.

Mini Maker Fair за првпат се одржа во Сан Матео, Калифорнија (САД), а во Њујорк се одржа World Maker Faire, кој за шест години достигна бројка од 900 активни учесници (Makers) и 95 000 посетители. Околу 40 Maker Fair манифестации се одржуваат во повеќе светски метрополи какви што се: Берлин, Париз, Рим, Токио и други. Приближно 170 независни Mini Maker Fairs, предводени од Maker заедниците се одржуваат во САД и во 43 други држави ширум светот.

Доколку сакате активно да учествувате на Skopje Mini Maker Fair, треба да ја пополните едноставната апликација која се наоѓа на следниов линк:

https://skopje.makerfaire.com/call-for-makers/application/

Ако пак, сакате да присуствувате на Skopje Mini Maker Fair само како посетител, потребно е да го регистрирате својот бесплатен билет на следниов линк:

https://www.eventbrite.com/e/skopje-mini-maker-faire-tickets-60194493350#tickets

Клучни зборови: