Рубрика: Омнибус
Нов продажен салон на Техномаркет
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 15.05.2019 - 15:45

Големиот продажен синџир за техника Техномаркет, денес го отвори својот нов салон сместен на самиот почеток од населбата Ново Лисиче, во општина Аеродром. Брендот Техномаркет на нашиот пазар се појави во 2003 година и многу брзо изгради реноме на место каде што можат да се набават квалитетни и современи технички производи од светски познатите марки – Панасоник, Сони, Електролукс, Филипс, Зануси, Ровента, Вирлпул, ЛГ,  да споменеме само неколку од мноштвото. Покрај ова, Техномаркет лансираше и сопствен бренд, NEO, којшто стана особено препознатлив и баран на домашниот пазар.

Во меѓувреме, на нашиот пазар се појавија уште неколку регионални синџири за техника, а неколку помали фирми прераснаа во национални синџири за техника. Опстојувањето во вакви услови сигурно не е лесно, но Техномаркет покажува дека сè уште има што да им понуди на клиентите, а тоа се  најнови технолошки производи по прифатливи цени.

Tочно напладне, пред голем број на купувачи и соработници, се отворија вратите на маркетот со адреса бул. Србија, бр. 48, Скопје. Новиот салон, се простира на два ката, на површина од 700 м2, и има навистина голема понуда на квалитетни производи од белата техника, компјутерската техника и производи од аудио и видео сегментот. Посетителите ќе можат да набават дел од производите со дополнително намалени, промотивни цени, како дел од понудата достапна само за оваа пригода.

 “Со гордост соопштуваме дека овој маркет е уште еден од низата наши маркети, 16-ти по ред. Техномаркет е еден од првите и најголеми маркети за техника во нашата земја. Ја продолжуваме традицијата на квалитет и доверба и чекориме со крупни чекори напред. Нашиот успех го должиме и на нашите соработници, брендовите со кои имаме беспрекорна долгогодишна соработка, со кои заедно растеме и остваруваме. Но секако, наш најголем успех се задоволните лица на купувачите.

По повод отворањето, овие два дена во нашиот нов маркет купувачите ќе можат да купуваат по неверојатно ниски цени, бела техника, телевизори, апарати за домаќинство, и уште многу други производи за себе или за својот дом. Дел од залихите се ограничени и попустот ќе трае до нивното исцрпување.” – велат од Техномаркет.

Затоа, не му ја мислете многу, посетете го новиот салон. Сигурни сме дека ќе најдете некој производ со добра зделка.

 

Повеќе за Техномаркет на tehnomarket.com.mk

 

Клучни зборови: