Како што јавува Quanta Magazine речиси 200 000 различни видови на вируси пливаат во светските мориња и океани. До оваа бројка дојде едно истражување за макро и микро диверзитетот на светските мориња и океани спроведено од страна на меѓународен научен тим.
Новата бројка е 12 пати поголема од претходната, којашто беше забележана во 2016 година. Но, нема простор за паника.
Како што вели тимот, порастот се должи на пообемните и интензивни собирања на примероци како и подобрените алатки за генетски анализи.
Како што пишува во трудот објавен во Cell, кадешто беа претставени анализите од ова истражување, речиси 90% од идентификуваните вируси биле новоооткриени. Ново проучување на вирусниот диверзитет во морињата може да ја појасни улогата на овие микроби вируси во океанскиот животен циклус, односно во апсорпцијата и реемисијата на јаглеродниот диоксид во и од океаните.
Да се дознае дали и како тие можат да ги убијат или манипулираат со бактериите коишто го собираат јагледорниот диоксид од атмосферата или пак, го испуштаат во неа, секако ќе биде од огромно значење за сфаќањето на биохемиските процеси коишто се одвиваат во океаните.