Колку често се соочувате вашиот автомобил да биде блокиран на паркинг од страна на друго возило? Да си помогнеме едни со други и да избегнеме расправии и непријатни ситуации во сообраќајот. Зголемениот број на автомобили, ограничениот простор за паркирање, а со тоа и зголеменото ниво на стрес кај возачите, резултираат на тој што некои луѓе толку се разбеснети од непромислените возачи што честопати го земаат законот во свои раце и ги оштетуваат нивните возила. Не дозволувајте такви ситуации! Со новата апликација Call Plate од Бојан Ивановски овој проблем може да го решите брзо и едноставно.
Call Plate е мобилна апликација, достапна за iOS и Android, што со едноставно внесување на регистарските таблички ви овозможува да го пронајдете сопственикот на возилото кое ве блокирало. Покрај ова преку chat-от што го нуди апликацијата можете да известите некого доколку во близина има пајак служба, ако заборавиле вклучени светла и слично. Меѓутоа, кога треба да испратите известување до некоја регистарска табличка, истата мора да ја користи оваа апликација за проблемот да биде успешно решен.
Апликацијата можете да ја преземете на следниве линкови: https://www.appstore.com/callplate за iOS и https://play.google.com/store/apps/details?id=com.bojanivanovski.callplate за Android или едноставно побарајте “Call Plate“ во App Store или Google Play Store.