Општина Карпош е единствената локална самоуправа во светот која е институционална членка на Европското тело за хигиенски инженеринг и дизајн (EHEDG) од Франкфурт, Германија, од 2012 година. Општина Карпош, како прва општина членка на EHEDG на светско ниво , треба да биде пример за останатите општини во делот за имплементација на хигиенското инженерство. Таа, со членството во Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн, докажа дека целосно се грижи за потребите и подобри услови за младите карпошани.
Општина Карпош, како пионер во оваа дејност, го пренесува своето искуство и знаење за начинот на којшто се контролира безбедноста на храната во предучилишните и во училишните установи. Вмрежувањето на општините, бизнис секторот и здравствените институции со меѓународни организации, е од клучно значење за подигнување на свеста на граѓаните и нивно запознавање со превентивното здравје на најмладите. Хигиенскиот дизајн е основен и законски предуслов за производство на квалитетна и безбедна храна, што всушност е дел и од регулативата на Европската Унија, а под директна сугестија на EHEDG.
Контролата и безбедноста на храната е главен приоритет за здравјето на најмладите наши сограѓани, односно за контрола на храната во градинките и во основните училишта. Токму од тој аспект, поврзаноста со законските регулативи на европско ниво и нашите во Македонија е клучна за да можеме да функционираме во тој сегмент, за да се формира здрава и напредна младина.
Инаку, локалната самоуправа, преку членството во EHEDG е во соработка со корпорации како што се Нестле, Унилевер, Кока Кола, Тетрапак, Свислион и многу други.