Рубрика: Аеронаутика
УПС ја направи првата успешна достава со дрон
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 04.04.2019 - 10:30

Американската служба за достава УПС на 26 минатиот месец објави дека успешно ја достави својата првата пратка со беспилотен дрон.

Доставата на медицинска опрема за потребите на болницата WakeMed во градот Роли, Северна Каролина, е прва од како што тие пишуваат “бројните планирани достави за тој ден”. УПС соработувал со компанијата Matternet, која произведува беспилотни дронови за достава и веќе работи во Швајцарија, за да понуди достава за еден ден – објави компанијата. Компанијата УПС првиот лет го опишала како “голема пресвртница за беспилотната авијација во САД”. Таквата достава овозможува избегнување на застојот на патиштата и поголема ефикасност во достава на медицинска опрема, помалку трошоци и подобрување на стандардот на пациентите. Дронот за достава може да однесе тежина до 2,3 килограми на одалеченост од 20 километри.

Клучни зборови: