Рубрика: Аудио и видеотехника
Нови модели на гитари од Yamaha
Автори: Владимир Филевски, Невенка Стојановска
Објавено на 08.03.2019 - 12:30

Бобан Василески ги презентира новите гитари од Јамаха

За секој 'занат' треба добар алат, а кај создавањето музика, алатот е повеќе од издржливост и функционалност – квалитетниот инструмент има душа и карактер, за да може да се сплоти со душата на композиторот и на музичарот при изведбата. А, асортиманот на Јамаха нуди целосно пакување :)

Денес ви претставуваме само неколку модели на гитари од овој производител, коишто можат да се најдат на нашиот пазар.

 

Yamaha Pacifica 612VIIFM

За новата Pacifica 612VII може да се каже дека е електрична гитара со двa рога во форма како super Strat, основата е изработена од бреза, прстофатот (fingerboard) е од розино дрво, додека вратот е од јавор и е прицврстен (bolt-on) на телото. Сево ова овозможува мазно и комфорно искуство при свирењето, што го прави идеален избор, како за изведби на сцена така и за во студио.

На солидниот избор на дрво се надградува хардверот од неколку познати  брендови, вклучувајќи кобилици од Graph Tech и тремоло VS50-6 од Wilkinson.

Трите магнети (pickups) од производителот Seymour Duncan, два SSL-1 магнета со единечна намотка (single coil), позиционирани до вратот и на средна позиција, и еден TB-14 до мостот, се комбинираат со петполен прекинувач, овозможувајќи разновидна тонска палета – од меките "S" тонови, па сè до жестоките тонови што се добиваат со употреба на приспособениот 5 TB-14 humbucker.

 

Yamaha Revstar 420

Рамнотежата е едноставен концепт кој честопати тешко се постигува. Но, со комбинацијатa од извонредни перформанси и сопствен карактер, се чини дека RS420 е на пат да ја досегне оваа неостварлива цел. Гитарата е со врат во Set Neck изведба (припиен со телото), а има цврсто тело од дрвото нато и горен слој од јавор. Тенкиот вратен профил е исто така изработен од дрвото нато, коешто има слични тонски својства како и махагонијот. Од хардверскиот дел издвојуваме магнети Humbucking со Alnico V3 јадра, триполен прекинувач и пуш-пул прекинувач.

 

Yamaha TransAcoustic

Новата TransAcoustic технологија на Јамаха им овозможува музичарите што свират на акустична гитара електрички да ги засилат звуците од гитарата (до line-out ниво) и да уживаат во реверб и корус ефекти, директно од звучната комора на гитарата, без никакви надворешни електронски уреди или опрема и без промена на целокупната естетика на акустично-електричната гитара. Оваа магија е овозможена со специјален актуатор (“пикап“) поставен внатре во гитарата, кој личи на мал звучник без мембрана, чија намотка (voice coil) е прицврстена за резонантна плоча, така што функционира како микрофон чија мембрана е плочата од гитарата. Ефектите функционираат дури и кога гитарата е вклучена во засилувач или во миксер, обезбедувајќи уште поголема удобност при изведбите. Јамаха нуди четири TransAcoustic модели, каде што новата технологија е вградена во нивните веќе популарни и познати L и FG серии на дизајни.

Горната плоча на гитарата е од смрека, страничните и задната плоча од розино дрво, а вратот е составен од 5 парчиња ламиниран махагониј и розино дрво, додека прстофатот е од абонос.

 

Инструментите, по поволни цени, можат да се набават од застапникот на Yamaha за Македонија, фирмата До-Ре-Ми. Како звучат, можете да се уверите подолу, на снимките од презентацијата на овие модели, организирана минатиот месец, во киното Фросина во МКЦ.

Повеќе информации можете да добиете во салонот за продажба на До-Ре-Ми, сместен на Кеј Димитар Влахов бр. 15, во склоп на Младинскиот културен центар во Скопје.

DoReMi Prezentacija - Yamaha Pacifica 612VIIFM & Line6 HX Stomp
Клучни зборови:
Бобан Василески ги презентира новите гитари од Јамаха

Бобан Василески ги презентира новите гитари од Јамаха

Yamaha Pacifica 612VIIFM

Yamaha Pacifica 612VIIFM

Yamaha Revstar 420

Yamaha Revstar 420

Yamaha TransAcoustic

Yamaha TransAcoustic