Во фабриката во Бурса, Турција, беше произведен 500 000-тиот автомобил Fiat Tipo. Се работи за специјално, јубилејно издание, на Tipo Sport, во изведба со 5 врати, опремен со мотор 1.6 Multijet DCT со 120 КС. Моделот доминира со впечатливата Passion црвена боја на каросеријата, во комбинација со контрастниот црн покрив и новиот амбиент на внатрешноста Total Black.
Ова достигнување го потврдува успехот на моделот којшто е клучен играч во својот сегмент во Италија, а се наоѓа и помеѓу првите 10 најбарани модели во четири европски земји. Воедно, автомобилот е и втор најомилен автомобил од марката Fiat, со над 70% од примероците продадени надвор од Италија.
Доколку на бројот на произведени возила од претходниот модел, лансиран во 1988 година, се додадат и оние што се денес на пазарот, вкупниот обем на производство достигнува број од 2 100 000 примероци. Во текот на производниот век, повеќе од триесет и една година, оваа бројка дава конкретен доказ за тоа колку потрошувачите ја ценат способноста на марката Fiat секогаш да понуди највисоко ниво на удобност и простор, по цена неспоредлива во својот сегмент. Како што вели и слоганот од последната реклама “Потребно е малку, за да добиете многу!“
Секое од 500 000-те возила Tipo, е како облека скроена по мерка, ги исполнува потребите за мобилност и одговара на вкусот на секој купувач.
--- комерцијален напис ---