Рубрика: Автомобилска техника
Ford Focus – Автомобил на годината 2019 и во Македонија
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 19.02.2019 - 13:00

Новиот Ford Focus е прогласен за Автомобил на годината за 2019 во Македонија, откако оваа титула претходно ја понесе во Словенија и во Хрватска. Покрај ова, Focus се наоѓа и на кратката листа од седум автомобили што претендираат да ја освојат наградата Европски автомобил на годината за оваа година.

Стручното жири по 24-ти пат ги вреднуваше, тестираше и ги бодираше автомобилите според различни критериуми, за потоа едногласно да одлучи Focus да ја добие титулата Автомобил на годината 2019.

По анализата на сите својства на возилата што беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата му ја додели на Ford Focus. Националното жири се раководеше од шестте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошките достигнувања, возни својства, дизајн и комфорт и опременост. Победничкото возило Ford Focus доби 69 бода од жирито, пред Citroen C5 Aircross со 67 и моделот Kia Ceed што доби 66 бода“, стои во информацијата од националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија упатена до медиумите.

Наградата е освоена во конкуренција на финалистите: Kia Ceed, Citroen C5 Aircross, VolvoXC40 и Opel Grandland X.

За нас, навистина, признанието е многу значајно и само ја потврдува моќноста и уникатниот дизајн на ова возило. Освен естетиката, Ford Focus нуди сериозно технолошко искуство за возачот и сериозно ниво на безбедност за сите патници. Драго ни е што Македонија се приклучува на долгата листа земји во кои нашиот модел се закити со оваа награда“, вели Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд моторс

Треба да се напомене дека технолошкиот Ford Focus победи во 10 различни категории и во првите шест месеци по продажбата, до ноември минатата година, продаде над 45 000 возила во Европа. Станува збор за автомобил кој е направен од празен лист хартија и визионерски претворен во автомобил со револуционерен дизајн, комплетно ново подвозје со најдобри возни својства, врвни системи за безбедност, сигурност, економичност и удобност.

Новиот Focus се нуди во хечбек варијанта со пет врати и лимузински стил. Како дополнување на ST-Line се нудат и Focus Trend, Focus Titanium и Focus Vignale. Исто така, со нарачка е достапен и првиот спортски инспириран Focus Active кросовер. Испорачувајќи повеќе внатрешен простор, комбиниран со материјали од висок квалитет и занаетска изработка, новиот Focus нуди софистициран ранг на Ford технологии за помош на возачот, како што се адаптивна контрола на движење со Stop-Go и првиот дисплеј пред глава кој ќе биде понуден од Ford во Европа. На Focus, исто така, му е доделен максималниот рејтинг од 5 звезди за безбедност од независните EURO NCAP, согласно новите и најстроги протоколи за тестирање.

Комплетно новиот Ford Focus е достапен кај официјалниот дистрибутер Ми-Да Гранд Моторс и нивните овластени дилери.

Клучни зборови: