Рубрика: Информатика
Соработка на Мајкрософт и Универзал Електроникс во сегментот на паметни домови
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 31.01.2019 - 11:45

Universal Electronics (UEI), чијашто примарна дејност се технологиите за паметни домови, најави соработка со Microsoft во овој сегмент. Партнерите ќе обезбедат нов дигитален асистент за домот којшто ќе користи AI и IoT услуги, а ќе биде заснован на облак-платформата Azure од Мајкрософт.

Вештачката интелигенција (AI) има клучна улога во подобрувањето на пристапот до паметните производи и услуги во домувањето, а се очекува големината и обемот на нејзината улога да се проширува и поинатаму. Дигиталните асистенти коишто ги поврзуваат потрошувачите со важни услуги, како што се безбедноста и сигурноста, соработката и распоредот на обврски, па и подобра интеракција со мултимедијалните уреди, ќе играат клучна улога во испораката на искуства што ги ветува еден бренд.

Во моментов споменатите компании ја нудат централната платформа за паметен дом Нево Батлер (Nevo Butler). Платформата, наменета за станбени или угостителски објекти, има вграден дигитален асистент, а вкличува и голем број целосни решенија насочени кон безбедноста и сигурноста на домот, управување со потрошувачката на енергија, како и контрола на мултимедијалните уреди.

Нево Батлер е паметен домашен центар којшто работи со гласовни команди, има интегриран nevo.ai софтвер и се заснова на Мајкрософт Азур платформата во облак. Центарот ги користи услугите Azure IoT и AI, вклучувајќи го и виртуелното асистентско решение на Microsoft со Azure Bot Service и Azure Cognitive Services. Nevo.ai е дигитален асистент што ветува дека ќе ги обедини контролата на мултимедијалните уреди и искуствата за автоматизација на домот, овозможувајќи интероперабилност низ поделените екосистеми. Вградените функции за контрола на уредите за забава и можностите на центарот за паметно домување со QuickSet Cloud го чинат овој уред еден од најприлагодливите асистенти за домот, способен за справување со на широк опсег на уреди и може да овозможи користење на гласовни команди за постоечки уреди, како и да претстави нови иновативни услуги во паметниот дом. Со можноста за персонализација на искуството на дигиталниот асистент, вклучување на услугите за интеграција на претпријатија и проширениот екосистем на дополнителни услуги, оваа платформа им овозможува на добавувачите на услуги и на брендовите за потрошувачка електроника да понудат услуги со гласовни можности на потрошувачите, а притоа да ја задржат контролата врз потрошувачките односи.

QuickSet Cloud, којшто работи на платформата Azure IoT и којшто веќе се наоѓа во срцето на милиони уреди во домот преку клиентите на Comcast, Sony, LGI, Samsung и други, ќе ги користи бенифициите на глобалната распространет и безбедноста на Azure. Виртуелното асистентско решение на Azure, каде сложените и променливи функции може да се испорачаат преку едноставен интерфејс за природен јазик, овозможи забрзување на развојот на дигиталниот асистент nevo.ai , со што овие искуства ќе станат достапни за широк спектар на потрошувачи.

Клучни зборови: