Ова шаренило на форми налик на оптичка илузија, всушност претставува приказ на скармиони – вители со нано-големини на магнетските полови, коишто се формираат во кристалната решетка на магнетниот материјал.
Скармионите претставуваат еден вид квазичестичка што може да се движи низ материјалот, но доколку претходно добие побуда од електрична струја. Воопшто не изненадува тоа што својствата на оваа квазичестичка ја заскокоткале имагинацијата на научниците, кои сметаат дека токму скармионите би можеле да нè доведат до следниот голем напредок во складирањето податоци.
Но, пред тоа да се случи треба да се совладаат низа пречки. Само за илустрација, феноменот на скармионите до неодамна можеше да се набљудува само во услови на екстремно ниски температури и со дополнителен поттик од надворешни магнетни сили.
Добрите вести доаѓаат од Лабораторијата Ејмс на Американскиот оддел за енергетика, од каде што научниците известуваат дека ја откриле динамиката на релаксација при состојба на нулто-поле кај скармионите.
Откритието е објавено овој месец, во научниот журнал Nano Letters.