Рубрика: Информатика
Global Game Jam Македонија 2019 од 25 – 27 јануари 2019 година
Автор: Петар Котевски
Објавено на 23.01.2019 - 11:00

Global Game Jam е најголемиот светски настан за креирање на игри којшто се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48 часовен маратон. Во 2018 година Global Game Jam се одржа на 803 локации во 108 земји, се сретнаа 47 000 џемери и беа создадени точно 8 606 игри. Сите вие кои сакате да креирате игри и знаете да цртате, моделирате, компонирате, програмирате, дизајнирате, мудрувате и продуцирате, па дури и само сакате игри, вие сте за тука!

Нема потреба да имате тим. Дојдете и тука ќе соберете дружина на GGJM19!

Задолжителна пријава тука за Скопје и тука за Битола
Цена на влезница за учесниците е 250 денари а со тоа добивате:
Непрекинат интернет пристап, оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор, забава и нормално, топли простории во зимските денови!

Македонија го започна своето учество во 2013 година, со локации во Скопје и Битола. Оттогаш досега на Global Game Jam Македонија се сретнаа речиси 1500 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. До сега се создадени 142 видео игри во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти. 40% од учесниците работат како професионалци во ИТ индустријата. Сите поседуваат high-end ИТ технологија (лаптопи, таблети, паметни телефони). Тие се почитувани членови на online заедницата во Република Македонија

Минатата година Македонија беше на 5 место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител. Оваа година целта е да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

Global Game Jam Македонија 2019 очекува да има преку 350 учесници на двете локации. Очекуваме да продефилира публика од над 5000 луѓе за време на отворањето и на затворањето, како и во текот на настанот.

Профили кои ќе се сретнат на #ggjm19 се:
• Девелопери, 2Д и 3Д артисти, дизајнери на звук, продуценти и гејм-дизајнери, експерти за монетизација,...
• Високомотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата
• Гејм-девелопмент ентузијасти од сите возрасти. Просечната возраст на учесниците минатите години беше 25 години

Повеќе информации за настанот тука

Клучни зборови:
Дел од атмосферата на изминатите настани

Дел од атмосферата на изминатите настани

Дел од атмосферата на изминатите настани

Дел од атмосферата на изминатите настани

Дел од атмосферата на изминатите настани

Дел од атмосферата на изминатите настани