Рубрика: Електротехника
MILWAUKEE M12 – истрајност и моќ во мало пакување
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 30.12.2018 - 11:15

Како што се согласуваат повеќето сајтови посветени за продажба и тестирање на рачен алат, серијата M12 на Милвоки е меѓу најдобрите компактни линии на безжичен рачен алат, а според карактеристиките и иновациите коишто ги носи, слободно може да кажеме дека е и најдобар избор за професионален алат во неговата категорија.

Алатките, опремени со литиум-јонска батерија, нудат максимални перформанси, а истовремено се мошне компактни, што ги прави погодни за употреба и на места каде се кубури со просторот. Производителот Милвоки трансформираше голем дел од неговата понуда на рачен алат во безжичен алат којшто се напојува со линијата батерии REDLITHIUM – напредна технологија на литиум-јонски батерии со голема издржливост развиена од Милвоки. Гамата на достапни алатки Милвоки М12 постојано се надополнува и развива, па така во моментов таа вклучува над 75 уникатни производи. Во понудата има алат за секаква намена – од дупчалки, ударен алат и термо-јакни, па сè до специјализирани алатки какви што се, на пример, ножевите за кабли. Независно дали треба да се навие шраф, да се пресече некој дебел кабел или да прегледа внатрешноста на ѕидот, Милвоки во својата гама производи има безжична алатка којашто ќе ви помогне да ја завршите работата побрзо и полесно, во секакви услови, на која било локација.

Предводник на ова семејство е колекцијата M12 FUEL – гамата на безжични алатки со екстремни перформанси, дизајнирани, конструирани и направени така што овозможуваат неспоредлива продуктивност во работата. Со оваа линија на производи Милвоки го потврдува своето место на лидер во индустријата, интегрирајќи три иновативни технологии во еден пакет: POWERSTATE, најмоќниот мотор без четкички во оваа класа, технологијата за батерии REDLITHIUM и ексклузивниот софтвер REDLINK PLUS Intelligence. M12 FUEL во рацете на професионалниот работник носи извонредна издржливост, долготрајност и ненадминливи перформанси.

Сите алатките од линијата M12 на Милвоки доаѓаат во метални куќишта, гумиран ракофат и со напреден инженеринг, што овозможува голема трајност на алатот, каде и да се работи со него. Исто така при дизајнот на алатките од оваа серија особено се внимавало и на намалување на габаритноста. Па така, како што веќе споменав, малата големина на овие алатки овозможува непречена работа и во тесни простори.

Комбинираното хардверско и софтверско решение REDLINK PLUS Intelligence, всушност, го претставува најнапредниот електронски систем за безжични електрични апарати којшто ги подобрува перформансите на алатот и ја штити инвестицијата на корисникот. REDLINK PLUS Intelligence е прогласен за најдобро решение во својата класа и интегрира целосна комуникација помеѓу инструментот, батеријата и полначот, при што оваа врска се следи постојано, со цел да се обезбедат и одржат идеалните работни услови.

REDLITHIUM технологијата за батерии од Милвоки овозможува подолготрајна работа со алатот со едно полнење. Батериите го вклучуваат и софтверот за алат REDLINK PLUS, којшто го штити алатот и батериите од оштетување. Вградениот индикатор за преостаната моќ овозможува корисникот да знае, во кое било време, уште колку енергија му е достапна за работа. За поголема трајност, батериите се обложени во гума.

Во Милвоки се посветени на дизајнирање на производи со функции што ќе ја заштитат инвестицијата на корисникот и ќе ги издржат и најтешките услови на работното место. Создаден за да ги задоволи потребите на професионалците, секој M12 производ обезбедува трајност што корисниците ја очекуваат од Милвоки.

За повеќе информации за овие и другите алати од понудата на Милвоки, ви препорачуваме да ги исконтактирате Еуроимпекс (02/3111 000, 02/3112 000), коишто се застапници на овој производител на висококвалитетен рачен алат.

 

---- комерцијален напис ----

 

Клучни зборови:
POWERSTATE – најмоќниот мотор без четкички во оваа класа

POWERSTATE – најмоќниот мотор без четкички во оваа класа

REDLINK PLUS Intelligence – најнапредниот електронски систем за безжични електрични апарати

REDLINK PLUS Intelligence – најнапредниот електронски систем за безжични електрични апарати

REDLITHIUM технологијата за батерии од Милвоки

REDLITHIUM технологијата за батерии од Милвоки