Рубрика: Хемија
Хемијата на вкусното какао
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 26.12.2018 - 11:15

Во зимските денови топлиот пијалак најдобро ја грее душата, а топлото какао или чоколадо ги загрева подеднакво и душата и срцето. Но, како што овој догогодишен уживател во вкусовите на топлото какао добро знае, секое какао има различен вкус и секоја мешавина за топло чоколадо е различна.

Во тој поглед сите имаме омилени брендови, но побогатиот вкус на напитокот, честопати значи и двоење на повеќе пари од вашиот џеб. Но, дали ова мора така да биде? Неодамна, во интерес на што повкусно и “пошпараџиско” загревање во зимските денови, го пребаравме интернетот за да ја испитаме дали од секое какао може да се добие пристоен вкус на којшто ретко кое сладокусно непце ќе му најде поголема замерка.

Потрагата по евтино и вкусно какао и топло чоколадо нè донесе до ова видео поставено од Американското друштво на хемичари, коешто вели дека нема лошо какао има само лошо склопен рецепт :)

Како бонус, приготвувањето на вкусниот напиток е објаснето на научна основа, објаснувајќи ја хемијата во шолјата од топло какао.

Како до пристојна шолка топло какао
Клучни зборови: