Митохондриите, органелите коишто се основен двигател на клетките, поседуваат нивна сопствена ДНК. Научниците долго време сметаа дека само мајките можат да го пренесат овој генетски материјал врз нивните деца. Но, едно ново истражување предлага дека татковците и не се толку небитни на ова поле, како што досега се сметаше.
При секвенционирањето на митохондријалната ДНК од примероци земени од повеќе лица со мистериозни симптоми и од нивните роднини, кај 17 лица од три различни семејства научниците нашле на докази за нејзино наследување од страна на татковците. Истражувањето беше објавено оваа недела се откриваат во Proceedings of the National Academy of Sciences. Преносот од таткото на потомството, којшто претходно е забележан од страна на истражувачите кај овци, муви, па дури и глувци, веројатно ретко се случува кај луѓето, Но новото истражување укажува на тоа дека голем дел од нас е можно да наследиле митохондријална ДНК од нашите татковци, во поголем дел отколку што сметаат.