Рубрика: Автомобилска техника
Четвртата генерација на BMW X5 пристигна во Македонија
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 13.11.2018 - 10:30

Новото издание на оригиналниот BMW X модел е подготвено за акција. Спортски, а лукзузен, помоќен и подоминантен од кога било, новиот BMW X5 ја доживеа својата македонска премиера.

Првиот BMW X5 беше претставен уште во 1999 година. Во меѓувреме, BMW X5 и целото семејство BMW X модели испишаа уникатна успешна приказна. Со повеќе од 2,1 милиони возила продадени досега, BMW X5 го оправдува својот прекар “ТHE BOSS”, a неговото значење за брендот BMW е евидентно.

Четвртата генерација BMW X5 носи изобилство иновации и го претставува најубедливото отелотворување досега на познатото оригинално SАV возило – моќен и доминантен X дизајн, екслузивна внатрешност, нагласена спортска активност како и многубројни карактеристики што ги нагласуваат X комфоротот и удобноста.

Тој е прв модел на брендот што може да се отклучи со BMW DIGITAL Key преку паметен телефон. Исто така, за прв пат кај BMW X5 се воведува BMW Live Cockpit Professional (вклучен како стандарден) кој претставува доследен чекор кон целосна дигитализација и ја нагласува современата внатрешност. Возачот ги има соодветните информации во секоја ситуација, во вистинското време на контролниот дисплеј и на целосно дигиталниот инструмент кластер, обата со големина од по 12,3 инчи. Сево ова е проследено со просторната внатрешност што на патниците им нуди не само луксузен комфор при патувањето, туку и висок степен на функционалност. Најголемите новости во овој дел се системите на потпирање што го оптимизираат комфорот, спортското чувство и теренските перформанси.

За поголема инивидуализација, фабрички се достапни две алтернативи на основната варијанта.  Варијантата xLine ја нагласува силната многустраност на новиот BMW X5, додека M Sports пакетот ги нагласува динамичните квалитети на возилото на патот и интензивното искуство на возење обезбедено во внатрешноста.

Од претставувањето на пазарот, новиот BMW X5 ќе има 4 достапни мотори –два дизел и два бензински.

Нов стандарден дисплеј и систем за контрола

Новиот BMW Operating System 7.0 дисплеј и концепт за контрола за првпат е претставен во најновата генерација на BMW X5.  Дисплејот се фокусира на контрола на оптимизирано внимание. Неговата стандардна примена е основата на BMW Live Cockpit Professional системот, составен од инструмент кластер и контролен дисплеј (и двата со големина од 12,3 инчи).

Дизајн што зрачи со моќна сигурност и авторитет

Растојанието меѓу оските за 42 mm споредено со неговиот претходник (сега 2 975 милиметри), зголемувањето на должината на возилото од 36 mm (на 4 922 милиметри), дополнителните 66 mm ширина (сега 2 004 милиметри) и 19 mm зголемување во височината (на 1 745 милиметри ), му даваат на новиот BMW X5 импозантен изглед и завидлив простор во внатрешноста.

Највпечатливата карактеристика на предниот дел е големата BMW полукружна маска со едноделен пораб. Новиот BMW X5 доаѓа со стандардни LED предни светла, додека BMW ласерското светло со адаптивни LED предни светла може да се наведе како опција за да се оптимизира функцијата на долги светла. Посебните карактеристики на дизајнот на внатрешноста и надворешноста ги издвојуваат xLine и M Sport моделите на новиот X5. Во понудата се вклучени (како изборни) и 22-инчни тркала од лесна легура – што се случува првпат кај еден BMW модел. Освен тоа, новиот BMW X5 уште од претставувањето ќе биде достапен со опции специфични за моделот од BMW Individual.

Ексклузивен амбиент во внатрешноста

Во BMW X5, јасната структура на инструмент таблата и централната конзола остава впечаток на просторност. Подигнатата позиција на седење, новиот дизајн за инструмент кластерот и Control Display, како и иновативниот концепт за дисплеј и контрола ја оптимизираат способноста на возачот да одржи контрола врз возилото. Сопатниците на предното и задните седишта уживаат во просторна удобност и ексклузивен амбиент. Внимателно избраните материјали во внатрешноста ја вклучуваат новата Vernasca варијанта на стандардниот кожен тапацир. Меѓу другите нови особини дизајнирани за да го максимизираат комфорот во BMW X5 се вбројуваат и мултифункционалните седишта, држачите за чаши што се загреваат/ладат, панорамскиот стаклен покрив Sky Lounge, динамичните внатрешни светилки (Dynamic Interior Light), Bowers & Wilkins дијамантскиот сараунд звучен систем (предвидени да бидат достапни од 12/2018), професионалниот систем за забава за задните седишта со 10,2-инчен екран на допир (предвиден да биде достапен од 12/2018) и апликациите од стакло за одредени контроли.

Чекор поблиску до автоматизираното возење

Изборот на системи за помош за возачот што се достапни за новиот BMW X5 е најголем досега. Меѓу нив спаѓаат Active Cruise Control со Stop & Go функција, асистентот за управување и контрола на лента, предупредување за промена на лента и за отстапување од лента, асистентот за промена на лента, асистентот за држење лента со заштита од страничен судир и помош за избегнување, предупредување за преминување во сообраќај, предупредување за првенство и предупредување за погрешна насока. Асистентот за паркирање сега ги презема должностите за забрзување и сопирање, исто како и управувањето. Уште едно дополнување е асистентот за сопирање во итни случаи, што безбедно го сопира возилото доколку дојде до медицински итен случај.

Уште една илустрација за постојаниот напредок кон автоматско возење на BMW ни нуди асистентот за возење во рикверц. Овој систем го презема управувањето за да го води возилото по патека што неодамна е помината напред. Овој систем го прави враќањето назад на растојание до 50 метри лесна задача во новиот BMW X5.

Оптимизирана распределба на моќноста

Задачата на максимизирање на прилепувањето, агилноста и стабилноста во насочувањето во новиот BMW X5 му е доделена на неговиот интелигентен систем на погон на сите четири тркала. Најновата генерација на BMW xDrive сега може да го подели вртежниот момент на погонот меѓу предните и задните тркала уште поефикасно во зависност од тоа што го бара ситуацијата.

Новиот xDrive систем исто така нуди поставеност кон задниот дел за оние пригоди во кои возачот има особено динамичен стил на воланот. Електронски контролираното диференцијално заклучување за задната оска (достапна заедно со M Sport линијата на опрема или теренскиот пакет) дава уште поспортско чувство при управувањето со возилото. Со ограничувањето на изедначувањето на брзините на вртење на внатрешните и надворешните тркала во кривините, може да се оптимизира пренесувањето на моќноста на патот врз површини што нудат различни степени на контрола.

 

За повеќе информации и понуди обратете се до увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар и нивниот продажно-сервисен центар во Скопје.

 

– комерцијален напис –

Клучни зборови: