Користењето марихуана за време на тинејџерските години може да го промени мозокот во клучните центри одговорни за донесувањето одлуки. Ова се резултатите од едно истражување спроведено врз стаорци, кое беше објавено оваа недела, на годишната средба на Друштвото за Неврологија во САД.
Елиза Џејкобс-Бричфорд и нејзините колеги од Универзитетот на Илиноис во Чикаго, изложиле група машки и женски стаорци адолесценти на соединение слично на марихуаната. Потоа, истражувачите откриле промени во деловите од мозокот кои биле вклучени во донесувањето одлуки.
Вообичаено, повеќето нервни клетки во овие делови се опкружени со крути структури наречени периневронски мрежи, цврсти мрежи што помагаат во стабилизирањето на врските помеѓу нервните клетки. Но, кај машките стаорци коишто биле изложени на соединението, во адолесценцијата, со мрежи биле покриени помал дел од овие нервни клетки што помагаат да се активираат сопирачките на активноста на други клетки. Кај женските стаорци, се чини дека изложеноста на супстанцијата немала влијание на формирањето на мрежите.