Неодамна Canon го претстави неговиот најмал и најлесен печатач IVY Mini Photo Printer. Со употреба на апликацијата Canon Mini Print app, печатачот овозможува печатење на фотографииите преку блутут од паметниот телефон, таблет или, пак, од апликациите за социјални мрежи. Освен до популарните Инстаграм и Фејсбук, апликацијата овозможува пристап и до Google Photos и Dropbox.
Покрај тоа на корисникот на апликацијата на располагање му стојат повеќе креативни филтери, како што се фото-рамки и налепници, можност за изобличување на лицето, како и неколку дополнителни алатки за уредување на фотографијата вклучувајќи додавање на текст, цртање на објект и уште рамки.
Испечатените фотографии се со големна 5 x 7,6 cm, а може да бидат испечатени на обична фотохартија или на самолеплива хартија. Корисниците може да направат и голема колажна слика составена од 4 до 9 отпечатоци, или да ги употребат колажните поставки за печатење не една колажна фотографија со стандардна големина за печатачот.
Печатачот ја користи Zero Ink Technology на ZINK, што значи дека не употребува мастила. Магијата е во специјалната хартија од ZINK којашто има нанесени кристали од боја што се топат при нејзино загревање. Секое пакетче од оваа хартија содржи и син ZINK Smart Sheet, што го калибрира печатачот според типот на хартијата.
Печатачот веќе е достапен на Amazon во неколку опции – “гол”, без додатоци, освен батеријата на полнење и оваа основна верзија чини 122,99 американски долари, заедно со 20 листа хартија печатачот е достапен по цена од 138,81 долар, а во комплет до 50 листа специјална хартија чини речиси 155 долари. Се разбира, пред да нарачате погледнете си ги и трошоците за испорака. :)