Рубрика: Архитектура и градежништво
Пласирани 450 000 евра кредити за енергетска ефикасност преку GEFF - Програмата на ЕБОР
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 26.10.2018 - 16:00

Програмата  за финансирање на енергетска ефикасност – GEFF денес ги презентираше првите резултати за Македонија. Пласирани 450 000 евра кредити само за неколку месеци.

Програмата  за финансирање на енергетска ефикасност - GEFF, која пред неколку месеци во Македонија ја лансираше Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) веќе ги дава првите резултати. Проектот “тежок“ 85 милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност во домовите, се очекува да допре до 29 000 домаќинства во цел Западен Балкан.

“Овој проект претставува кредитна линија со субвенција до 20% и неговата намена е исклучиво за домаќинствата, поточно за физички лица. Проектот можат да го користат сите оние кои градат нови семејни куќи или ги реновираат своите станови или куќи. Проектот ќе се спроведува во следните 3 години, до 2021 година. Во програмата се вклучени 11 технологии и преку 3 500 производи кои се високо ефикасни” – кажа Игор Панчевски, технички експерт за Македонија и Косово на проектот GEFF на денешната презентација која се одржа во рамки на Саемот за градежништво и Технома.

Ведрана Вељаноска, Сениор специјалист за развој на производи/одговорно лице за застапување во осигурување, Ohridska Banka Societe Generale потенцираше дека интересот за А++ кредитите е доста голем за овој краток период. Овозможени се два типа на кредити, потрошувачки и хипотекарен кредит со атрактивни каматни стапки.


М-р Васил Цицонков, управител на Energija Toshiba Carrier и застапник на TOSHIBA CARREIR HAIER за Македонија презентираше колку би се намалиле трошоците во домот доколку инвестирате во томплински пумпи.

Клучната цел на оваа програма е да ја намали емисијата на гасови, да ја подобри удобноста на животот и секако, да ги намали трошоците за електрична енергија. ЕBRD GEFF се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP Plus), финансирана од Европската Унија.

Сите заинтересирани може да ја посетат вебстраната на проектот: http://ebrdgeff.com/macedonia или да пратат маил на mk@ebrdgeff.com.

Клучни зборови: