Логинг Електроникс во соработка со Fluke организира семинар за проширување на практичните знаења за начинот и постапките за калибрирање на процесната инструментација. Преку отворена дискусија учесниците ќе добијат корисни информации и препораки за тоа како преку редовна калибрација и проверка на процесните мерни уреди да обезбедат континуиран квалитет на производите и непрекинатост на производниот процес.
Предавањата ќе понудат одговор на прашања од областа на процесната инструментација, совети за калибрирање и одржување, како и насоки за водење на документацијата за калибрација, за постапките при калибрација, проверка на исправноста на процесот и избор на вистинскиот мерен уред за калибрација.
Семинарот е наменет за техничкиот персонал од службите за квалитет на производството, автоматизација и управување на производните процеси, како и другите технички лица задолжени за оддржување на индустриската автоматика, процесни мерни инструменти и системи.
Наставата освен теоретски има и практичен елемент. Програмата од семинарот во целост може да ја погледнете тука Во текот на наставата ќе бидат презентирани и можностите на најновите технолошки решенија од Fluke.
Со стекнатите знаења учесниците ќе можат активно да придонесат за подобрување на квалитетот на производниот процес преку следење на состојбата на процесните мерни уреди и опрема со што ќе ја намалат можноста за дефект кај финалниот произвот или намалување на неговиот квалитет. Сите учесници по завршувањето на семинарот добиваат диплома за учество како и материјали од предавањата и презентациите.
Семинарот ќе се одржи во среда 7.11.2018 со почеток во 9 часот, а сите заинтересирани можат да се пријават тука . За повеќе информации обратете се во Логинг Електроникс, на телефон 02 3127 345 локал 4, или преку е-пошта mo@loging.mk