Во текот на нашиот живот запознаваме, а уште повеќе се разминуваме со многу различни лица. Дел од нив остануваат забележани некаде во сеќавањата. Според првичните проценки на истражувачите, се работи за бројка од околу 5000 ликови коишто во просек ги распознава речиси секој од нас.
Со цел да се направи солидна проценка, Роб Џенкинс од Универзитетот на Јорк во Обединетото Кралство и неговите колеги, побарале од 25 учесници да се сетат на што повеќе специфични ликови, како од славни луѓе, така и од лица коишто лично ги познаваат, а сето ова во рок од еден час. За да им олеснат при сеќавањето, истражувачите им направиле листи со повеќе различни категории како “пријатели од школо”, “колеги”, “филмска индустрија”, а исто така им исплаќале и мала сума пари за секое лице на позната личност на коешто испитаниците ќе се присетеле. Во просек, учесниците во истражувањето се сетиле на околу 550 лица.
Потоа, на испитаниците им биле дадено на разгледување слики од 3441 позната личност, но овојпат без притисок и финансиска мотивација. При вакви услови тие во просек препознале речиси 800 лица. За секој од учесниците, истражувачите го пресметале соодносот од препознаени познати лица но коишто тие самите се сетиле и познатите лица коишто ги препознале со сликовна стимулација. Овој сооднос бил употребен за од бројката на лица на коишто секој од испитаниците се сетил да се направи екстраполација на конечниот број лица што поединецот ги знае. Конечната бројка во просек изнесувала околу 5000, но реално варирала од 1000 до 10000 лица коишто еден поединец ги познава.