STMicroelectronics (ST) е интернационална глобална компанија за производство на полуспропводници, додека TomTom е независен специјалист во областа на технологиите за геолокација. Двете компании најавија пакет од развојни алатки наменети за STM32 отворена развојна средина коишто ќе имаат можност директно да се поврзат со API-то од TomTom Maps, овозможувајќи лоцирање, следење и податочни услуги за мапирање, со што очекуваат да се забрза развојот на производите и да се намали времето на чекање за да се лансира нов производ на пазарот, но и да ги намали развојните трошоци за развојните инженери.
Се работи за прв развоен пакет од овој вид. Пакетот се состои од STM32 Discovery плоча за 2G/3G мобилна комуникација со облакот, GNSS плоча за надградба што се заснова на веќе индустриски докажаната Teseo технологија за сателитска навигација од ST, и софтверот Function Pack којшто преку мобилната мрежа овозможува поврзување на вашиот ИоТ јазол со низа од апликациски програмерски интерфејси (API) на TomTom Maps. Со овој комбиниран хардверски и софтверски пакет и отворена ТomTom развојна корисничка сметка, развојните инженери на нивните апликации за ИоТ и паметни градови, многу брзо би можеле да додаваат услуги кои се локациски базирани. Меѓу овие услуги е и претворањето на GPS координатите во реална улична адреса во мапата (Reverse Geocoding), добивање на податоци за локалните точки од интерес и, секако, создавање на прецизни навигациски упатства.
Покрај STM32 семејството на Arm Cortex-M core микроконтролери, оваа развојна алатка при нејзините функции на следење набавка, навигација и размена на податоци се потпира и на веќе докажаниот позициски приемник Teseo.
Голем број технолошки компании, услужни системи за географски податоци, владини тела и институции за менаџирање на сообраќајот, од целиот свет, се потпираат на TomTom за испорака на врвни производи за мапирање коишто овозможуваат создавање на локациски врзани апликации.