Во 2016 година група рудари во канадската територија Јукон при нивната работа налетаа на исклучително добро очувани остатоци од две животни. Минатата недела со пригодна културна церемонија во Досон Сити овие остатоци и беа претставени и на пошироката јавност.
Мумифицираните остатоци од младенче на елен беа откриени на локација чие тло изобилувало со вулканска пепел што датира од пред приближно 80000 години. Остатоците од телото се со целосно зачувана предна половина, вклучувајќи го торзото, главата и предните нозе, со сè уште врзана кожа, мускули и влакна. Вториот примерок е штене од волк. Кутрето е во целост зачувано сосе глава, опаш, шепиња, кожа и влакна. Со испитувањата е проценето дека двете животни се стари повеќе од 50000 години. Ова значи дека тие најверојатно го населувале пределот на тундрите заедно мамутите како и деуги животни од тоа време.
Поради очуваноста обата примерока побудија голем интерес меѓу палеонтолозите кои се надеваат дека преку нив би можеле да дознаат повеќе за генетиката и животниот стил на прастарите цицаци во арктичкиот регион.