Ако изминатава недела сте се логирале на вашата корисничка сметка на Google mail, Maps или, пак, која и да е услуга од Google преку интернет-прелистувачот Chrome, ќе забележите дека во горниот десен агол веднаш ќе се појави вашето корисничко име. Имено, браузерот сам од себе ќе ве логира со цел да ја синхронизира вашата интернет-историја на пребарувања, допаѓања и слично со сите уреди на коишто користите Chrome. Автоматското логирање на интернет-прелистувачот се одвива во заднината, без притоа да има јасно и гласно известување за корисникот.
Изненадувањето што пристигна со најновото ажурирање на Chrome ги затекна голем дел корисниците неспремни и наиде на огромен револт кај голем дел од нив, при што на оваа промена реагираа како на упад во нивната приватност. Особено гласен беше Метју Грин, професор за криптовалути на Универзитетот Џон Хопкинс. Тој измената ја нарече “политика за принудно логирање што е непријателски настроена кон корисниците” и побара образложување од Google за направената измена.
Инженерот и менаџер на Google Chrome Ејдријен Портер Фелт, во своето објаснување на Twitter вели дека автоматското логирање не значи и автоматско испраќање на целата интернет-историја на сите поврзани кориснички сметки на Google.
Според нејзе, “новиот корискнички интерфејс јасно ве потсетува кога и да се логирате на вашата корисничка сметка. Дополнително, потревно е да се одлогирате на само едно место пред да го отстапите компјутерот на друга личност со која го делите неговото користење.”
За оние корисници коишто остануваат и понатаму загрижени за нивната приватност и кои не сакаат да се грижат за евентуалната можност некое наредно ажуририрање на Chrome да изложи на виделина уште поголем дел од нивните податоци останува опцијата за користење на друг прелистувач, барем при проверката на нивната корисничка сметка на gmail или, пак, некои други услуги од Google.