Денес започна Вториот Меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2018. Организатор на саемот е Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) под покровителство на IFIA, а поддршка обезбедија и Министерството за одбрана, Фондот за иновации, Државниот завод за индустријска сопственост, Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и приватни компании.
Првиот збор на свеченото отворање во големата сала на Домот на АРМ го имаше претседателот на НАИМ, г-динот Мирко Узелац. Узелац во своето обраќање ги истакна досегашните успеси на здружението, влезот во интернационалната асоцијација на иноватори и пронаоѓачи - ИФИА, активното учество на асоцијацијата на десетина саеми и манифестациии за поттикнување и промовирање на иноваторството и пронаоѓаштвото со промоција на идеите на нејзините членови, наградите коишто биле освоени на овие манифестации, а како круна на успехот на НАИМ тој го истакна фактот што на ова второ издание ИНОВАМАК е домаќин на иноваторите и пронаоѓачите од над 15 земји од 5 континети.
По Узелац свое излагање на свеченото отворање имаа генералниот секретар на владата на Р. Македонија, и самиот иноватор, д-р Драги Рашковски и претставник од Фондот за иновации.
Г-динот Узелац им даде збор и на регионалниот претставник на ИФИА , којшто го , како и на претседателката на сојузит на иноватори и пронаоѓачи од Србија, којашто ја пофали работата на здружението, ја истакна долгогодишната плодна соработка помеѓу иноваторите и пронаоѓачите од Србија и Македонија, а истакна и дека во духот на оваа традиционална соработка Македонија е назначена како земја-домаќин на следниот саем на иновации и пронајдоци во Белград, Србија.
Пронајдоците од изложбата претежно се претставени со постер, помалку со видеопрезентација, но има и неколку готови производи-прототипи што посетителите можат да ги видат и опипаат.
Изложбата е отворена до 23 септември во Домот на АРМ во Скопје. Работното време на ИНОВАМАК 2018 е од 10 до 19 часот. Влезот е слободен за сите посетители.