Рубрика: Енергетика
Контролирање на брановите на водата со светлински трик
Објавено на 20.09.2018 - 14:15

Постојат разни градби-структури што можат да ја зголемат висината на бранот во затворен простор, со што може може да се зголеми количината на енергија што се собира од морето. Но, овие структури честопати ги одбиваат брановите, со што се губи дел од нивната енергија.

Еден уред во форма на прстен може да ги концентрира брановите во релативно мал простор без притоа да ги одбива, искористувајќи поголем дел од енергијата на бранот при процесот на производство на електрична енергија.

Инспирирани од нивното претходно истражување на полето на светлинските бранови, Хуанјан Чен од Универзитетот Гзијамен, Женји Ванг од Универзитетот Жеџианг во Хангжу во Кина и нивните колеги, направија прстен од тенки метални плочи, распоредени налик на слајдови во макара од проектор. Структурата ги канализира дојдовните бранови кон центарот на прстенот. Со нагодување на должината и длабочината на просторот помеѓу плочите, тимот успеал да создаде празнини коишто предизвикале рефлектираните бранови при одредена фреквенција заемно да се поништат, спречувајќи го процесот на одбивање.

Тестовите направени во резервоар со вода покажуваат дека уредот со дијаметар од 86 сантиметри може тројно да ја зголеми висината на брановите во центарот на прстенот, додека брановите надвор од прстенот остануваат непроменети.

Клучни зборови: