Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) го организира Вториот меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2018, кој ќе се одржи на 21, 22 и 23 септември во Домот на АРМ во Скопје. Работното време на ИНОВАМАК 2018 е од 10 до 19 часот. Влезот е слободен за сите посетители. Свеченото отворање на ИНОВАМАК 2018 е во 13 часот, на 21 септември.
Своето присуство на ИНОВАМАК 2018 го најавија пронаоѓачи од 15 земји. Бидете и вие дел од светската елита на иноватори! Ако имате некоја своја иновација, доставете краток опис на пронајдокот (7 – 8 реченици) и една-две фотографии или цртежи на иновацијата, најдоцна до 20 септември на naim@naim.mk . Постерите за презентација на вашите иновации NAIM ќе ги изработи бесплатно. На сите заинтересирани, NAIM им обезбедува бесплатен простор за презентација на пронајдоците на ИНОВАМАК 2018. Иновациите ќе ги оценува меѓународно жири од IFIA (Светска федерација на асоцијации на пронаоѓачи - www.ifia.com ). NAIM е единствен легитимен претставник на пронаоѓачите од Македонија во IFIA. За повеќе информации, посетете jа веб-страницата http://www.naim.mk